Sunday, February 17, 2019



Делови кај растенија што цутат

Picture




Делови на цветот -интерактивна игра
http://www.sciencekids.co.nz/gamesactivities/lifecycles.html










ЦВЕТНИ РАСТЕНИЈА
Oргани на едно цветно растение се: корен , стебло ,лист , цвет, плод и семе.
Коренот ,стеблото и листот на растението му служат за растење , а цвет от,плодот  и семето  за размножување.
Цветовите на  цветните растенија се изградени од неколку делови.
Секој од тие делови е важен на свој начин.

Делови од цветот
1. ЧАШКИНИ ЛИВЧИЊА (кои најчесто се зелени) се наоѓаат на надворешната страна и го заштитуваат цветот ,додека е пупка во растење.
2. ВЕНЕЧНИ ЛИВЧИЊА
Типичните венечни ливчиња наречени , се големи, во светли бои и се наоѓаат повнатре од чашкините ливчиња
 3.ТОЛЧНИК(плодник)-женски орган во цветот кој е составен од :
устенце (стигма).столпче и плодница.
a.Устенце
Врвот на толчникот се нарекува устенце.Устенцето  е лепливо и го прима  поленовиот прав од посетителите -инсекти .
б.Столпче
Столпчето надолу се проширува во плодница
В.Плодница  (овариум)
Плодница  се наоѓа најдолу од толчникот .Во плодницата се наоѓа јајце клетка.Во дното на плодницата има жлезди кои го излачуваат слаткиот сок-нектар  кој има пријатен мирис и ги привлекува инсектите.
4.ПРАШНИК(машки орган) кој се состои од
-прашничко кесе(прашница)во кое се наоѓа пленовиот прав  или поленови зрна во кои има машка полово калетка  и
-прашнички конец
Цветовите може да содржат и прашници и толчник-двополови
Може да имаат само толчник (женски) или само прашници(машки) цветови
Растенијата кај кои машките и женските цветови се на едно растение се викаат еднодомни растенја –Пример :пченка .  Растенијата кај кои машките цветови ги има на едно растение, а  женските цветови  на друго растение се викаат  дводомни растенија-бадем,киви

No comments:

Post a Comment

Час 55 Животен циклус кај растенијата што цутат Секое растение има свој животен циклус . Животниот циклус на цветните растенија започну...