Monday, February 25, 2019

    

Час 45,46 Видови опрашување     стр.104,105,106,107,108,109

ОПРАШУВАЊЕ
Опрашување е пренесување на поленот од истиот или друг цвет на устенцето на толчникот .Пренесувањето на  поленот може да биде со ветер, (како кај житните растенија) со вода како кај водните растенија, со птици, а најмногу со инсекти.Растенијата можат да бидат опрашени и од човекот. Постојат цветни растенија кои се опрашуваат со помош на лилјаци во текот на ноќта.
ПРОСЛЕДИ го ВИДЕОТО  ЗА ОПРАШУВАЊЕ !



Што е тоа што ги привлекува полинаторите (опрашувачите)?
-венечни ливчиња со живи бои,
-јак  мирис,
-содржат нектар,
-имаат леплив полен 


Постојат цветни растенија кои не се опрашуваат со инсекти.
Какви се  тие цветни  растенија кои не се опрауваат со инсекти ?

Растенијата кои се опрашуваат со ветар имаат неугледни цветови без препознатливи елементи на цветот и немаат мирис . Нив тоа и не им е потребно .Тоа што им е потребно е што полесно да испадне нивниот полен надвор од цветот за да биде достапен на ветерот и да биде разнесен до другите цветови.Затоа ц
ветовите на ваквите растенија  се така распоредени да може поленот од нив целосно да се распростри со помопш на ветар. Цветовите кои се опрашуваат со ветер создаваат големи количини полен.
З А Д  А Ч А !
Погледни ги резултатите од истражувањето за тоа  што повеќе ги привлекува полинаторите/опрашувачите  (НЕКТАР  или  ВЕНЕЧНИ ЛИВЧИЊА) дадени во табела на стр.109 .Што заклучуваш?
Претстави ги табелираните податоци во столбест дијаграм!


И С Т Р А Ж И !
Прошетај во блиската околина .Во претходно подготвена табела  како на стр. 108  ,внеси ги боите на цвтовите кои ќе ги забележиш !
Набљудувај  кој цвет го посетуваат најголем број на инсекти ! Запиши ги податоците (бројот на инсекти кои го посетиле цветот во период од пет минути) и претстави ги во столбест дијаграм како на примерот даден на стр.108

Sunday, February 17, 2019



Делови кај растенија што цутат

Picture




Делови на цветот -интерактивна игра
http://www.sciencekids.co.nz/gamesactivities/lifecycles.html










ЦВЕТНИ РАСТЕНИЈА
Oргани на едно цветно растение се: корен , стебло ,лист , цвет, плод и семе.
Коренот ,стеблото и листот на растението му служат за растење , а цвет от,плодот  и семето  за размножување.
Цветовите на  цветните растенија се изградени од неколку делови.
Секој од тие делови е важен на свој начин.

Делови од цветот
1. ЧАШКИНИ ЛИВЧИЊА (кои најчесто се зелени) се наоѓаат на надворешната страна и го заштитуваат цветот ,додека е пупка во растење.
2. ВЕНЕЧНИ ЛИВЧИЊА
Типичните венечни ливчиња наречени , се големи, во светли бои и се наоѓаат повнатре од чашкините ливчиња
 3.ТОЛЧНИК(плодник)-женски орган во цветот кој е составен од :
устенце (стигма).столпче и плодница.
a.Устенце
Врвот на толчникот се нарекува устенце.Устенцето  е лепливо и го прима  поленовиот прав од посетителите -инсекти .
б.Столпче
Столпчето надолу се проширува во плодница
В.Плодница  (овариум)
Плодница  се наоѓа најдолу од толчникот .Во плодницата се наоѓа јајце клетка.Во дното на плодницата има жлезди кои го излачуваат слаткиот сок-нектар  кој има пријатен мирис и ги привлекува инсектите.
4.ПРАШНИК(машки орган) кој се состои од
-прашничко кесе(прашница)во кое се наоѓа пленовиот прав  или поленови зрна во кои има машка полово калетка  и
-прашнички конец
Цветовите може да содржат и прашници и толчник-двополови
Може да имаат само толчник (женски) или само прашници(машки) цветови
Растенијата кај кои машките и женските цветови се на едно растение се викаат еднодомни растенја –Пример :пченка .  Растенијата кај кои машките цветови ги има на едно растение, а  женските цветови  на друго растение се викаат  дводомни растенија-бадем,киви

Sunday, February 10, 2019

Засадување на растенија



ТЕМА 5

ЗАПОЗНАВАЊЕ СО РАСТЕНИЈАТА


Линкови со упатства за засадување на растенија.Со клик на насловот до запишаната содржина!

ЗАСАДУВАЊЕ НА ГРАВ

ЗАСАДУВАЊЕ НА СОНЧОГЛЕД

ЗАСДУВАЊЕ НА ДОМАТИ

ДЕКОРАЦИИ НА САКСИИ



ТЕМА 4 СЕНКИ Vодд


-ИСТРАЖУВАЧКО ПОЛЕ-
(текстови и линкови поврзани со изучувањето на светлината и познатите научници кои работеле на тоа)


Научи нешто за природата на светлината и научниците кои се труделе да ја откријат и опишат

Многу филозофи од најстари времиња се прашувале што е светлината?
Некои тврделе дека светлината е изградена од честички , а други дека светлината ја прават бранови.

Исак Њутн бил од оние кои тврделе дека светлината е изградена од честички и  бил застапник за корпускуларната теорија која ја основал 1699 година и ја објавил во делото Оптика (теорија дека светлината е изгрдена од ситни честички кои се движат по права линија со огромна брзина).Кога ќе навлезат овие честички директно или одбиени од некој предмет во окото тие предизвикуваат осет з светлина..

Тој го објаснил и добивањето на спектарот на бои кога белата свелина минува низ стаклена призмаЊутун тврдел дека честичките се со различна маса па најтешките нјмногу скршнуваат ,а најлесните најмалку кога минуваат низ стакклената призма.Така го опишал најголемото скршнување на виолетовата светлина и најмалото скршнување на црвената светлина





Поборник за брановата теорија е Хајгенс за која пишува во неговото дело Расправа за светлината 1677 год.а која ја објавил 1690 год.
Според него светлината се пренесува како браново движење во сите правци со голема брзина



Современи теории за светлината
Теориите за брановата и корпускуларна природа на светлината со текот на времето се надополнувале и надградувале
Денешното сфаќање за природата едека светлината има двојна природа односно корпускуларно-бранова природа.
Видео:Споредба на двете теории

Час 55 Животен циклус кај растенијата што цутат Секое растение има свој животен циклус . Животниот циклус на цветните растенија започну...