Monday, February 25, 2019

    

Час 45,46 Видови опрашување     стр.104,105,106,107,108,109

ОПРАШУВАЊЕ
Опрашување е пренесување на поленот од истиот или друг цвет на устенцето на толчникот .Пренесувањето на  поленот може да биде со ветер, (како кај житните растенија) со вода како кај водните растенија, со птици, а најмногу со инсекти.Растенијата можат да бидат опрашени и од човекот. Постојат цветни растенија кои се опрашуваат со помош на лилјаци во текот на ноќта.
ПРОСЛЕДИ го ВИДЕОТО  ЗА ОПРАШУВАЊЕ !



Што е тоа што ги привлекува полинаторите (опрашувачите)?
-венечни ливчиња со живи бои,
-јак  мирис,
-содржат нектар,
-имаат леплив полен 


Постојат цветни растенија кои не се опрашуваат со инсекти.
Какви се  тие цветни  растенија кои не се опрауваат со инсекти ?

Растенијата кои се опрашуваат со ветар имаат неугледни цветови без препознатливи елементи на цветот и немаат мирис . Нив тоа и не им е потребно .Тоа што им е потребно е што полесно да испадне нивниот полен надвор од цветот за да биде достапен на ветерот и да биде разнесен до другите цветови.Затоа ц
ветовите на ваквите растенија  се така распоредени да може поленот од нив целосно да се распростри со помопш на ветар. Цветовите кои се опрашуваат со ветер создаваат големи количини полен.
З А Д  А Ч А !
Погледни ги резултатите од истражувањето за тоа  што повеќе ги привлекува полинаторите/опрашувачите  (НЕКТАР  или  ВЕНЕЧНИ ЛИВЧИЊА) дадени во табела на стр.109 .Што заклучуваш?
Претстави ги табелираните податоци во столбест дијаграм!


И С Т Р А Ж И !
Прошетај во блиската околина .Во претходно подготвена табела  како на стр. 108  ,внеси ги боите на цвтовите кои ќе ги забележиш !
Набљудувај  кој цвет го посетуваат најголем број на инсекти ! Запиши ги податоците (бројот на инсекти кои го посетиле цветот во период од пет минути) и претстави ги во столбест дијаграм како на примерот даден на стр.108

No comments:

Post a Comment

Час 55 Животен циклус кај растенијата што цутат Секое растение има свој животен циклус . Животниот циклус на цветните растенија започну...