Час 55 Животен циклус кај растенијата што цутат
Секое растение има свој животен циклус . Животниот циклус на цветните растенија започнува со семе кое 'рти по добиените потребни услови (топлина и влага ) , потоа расте и се развива, достигнува одреден степен на зрелост и цвета, се опрашува , оплодува и го расејува своето семе.Од семето се развива ново растение.
Животниот циклус на цветните растенија се сосотои од четири фази
(стр.102 од учебникот)

I фаза->Семе
|
II фаза -->Садница
|
III фаза--->Младо растение
|
IV фаза-->Возрасно растение
|
1.Во првата фаза (СЕМЕ) се случува процесот ,'РТЕЊЕ (раст и развој на семето при кој прво никнува корен , а потоа стебло и листови)
2.Во втората фаза (САДНИЦА) можеме да ги забележиме коренчето и првите фиданки (младо стебленце и гранчиња) .Во оваа фаза растението е во процесот на РАСТЕЊЕ И РАЗВОЈ.
3.Во третата фаза (МЛАДО РАСТЕНИЕ) се појавуваат уште листови и цветови во пупка. Во оваа фаза можеме да откриеме за кое растение станува збор . И во оваа фаза на растението се случува процесот на РАСТЕЊЕ И РАЗВОЈ.
4.Во четвртата фаза (ВОЗРАСНО РАСТЕНИЕ) растението е целосно оформено , цветовите се расцветуваат и се случува процесот на ОПРАШУВАЊЕ,ОПЛОДУВАЊЕ И РАСЕЈУВАЊЕ .